недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 40

Данев: СДСМ ја претвора државата во партиска алатка

Данев оцени дека Спасовски е назначен за потпретседател на СДСМ, бидејќи треба да ги реализира партиските чистки во МВР и треба да ги елиминира сите професионалци кои изминатиов период работат на случаи против наркодилерите и криминалците

Dragan Danev

Поврзани вести

Зоран Заев и СДСМ најавуваа департизација и деполитизација на институциите додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата, обвини во понеделникот на прес-кофнеренција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека власта продолжува со „лицемерната“ политика илустрирајќи го тоа со примерот на Оливер Спасовски, којшто според оцената на Данев, наместо да се повлече од партиските функции и професионално да ја врши функцијата министер за внатрешни работи, во неделата е назначен за потпретседател на партијата.

„Граѓаните помнат дека во текот на претходните изборни циклуси, СДС го проблематизираше тоа што Гордана Јанкулоска во исто време била и министер за внатрешни работи и партиски функционер и носител на листа во изборна единица, бидејќи не се знаело ‘што е партија, а што држава’. Сега граѓаните го гледаат лицемерието на дело, односно како неговиот довчерашен генерален секретар станува потпретседател на партијата, додека во исто време е министер во МВР“, потсети Данев.

Оцени дека станува збор за „бесконечните двојни стандарди и лицемерие“ на премиерот Зоран Заев, а оти Спасовски е назначен за потпретседател на СДСМ, бидејќи треба да ги реализира партиските чистки во МВР и треба да ги елиминира сите професионалци кои изминатиов период работат на случаи против наркодилерите и криминалците блиски до премиорот и раководството на неговата партија.

 

„Ова е само продолжение на обидите на СДС целосно да ги стават под партиска контрола органите на прогон. Првиот чекор беа заканите кон судиите со неуставен реизбор, а вториот иницијативата која ја покрена Зоран Заев за смена на Републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот ‘Поткуп’“, посочи Данев.

 

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од страна на власта. Данев притоа потсети дека тие се должни и одговорни пред граѓаните да постапуваат исклучиво според Уставот и законите, а не според партиските наредби на потпретседателот на СДСМ или кој било друг партиски функционер.

Најчитани вести