Данев: За Заев и Димитров билетот за влез во ЕУ е прифаќање на сите услови од јужниот сосед, а не исполување на критериумите на Извештајот на ЕК

Собранието веќе втор ден расправа за извештајот на Европската комисија во однос на напредокот на Република Македонија кон ЕУ, а пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев критикуваше дека овие два дена, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и премиерот Зоран Заев не се присутни во Сообранието за да му оддадат важност на извештајот.

Данев, исто така, истакна дека за Димитров и Заев билетот за  асоцирање во Европската унија е прифаќање на сите услови што ги поставува Грција во пеговорите за името, а не извештајот од Европската комисија.

„Одговорот е сигурно во тоа што мислејќи со решавање, односно со прифаќање на сите услови што ги поставува нашиот јужен сосед ќе биде карта за влез во Европската Унија а не со критериуми или со исполнување на критериумите што ги има во извештајот на Европската Комисија, дека само така се влегува во ЕУ. Еден сосема погрешен приод за кој што говори и самиот извештај на Европската комисија“, истакна Данев.

Данев посочи дека Европскиот Извештај не заслужува славеничка атмосфера која што ја приредија претставниците на парламентарното мнозинство во Собранието. Тој рече дека држината и суштина на извештајот се дека нема реформи, нема напредок во општеството кое е суштествено битно за да ја убедиме ЕУ дека Македонија заслужува да влезе во  Унијата.

„Во однос на извештајот, добриот вординг и охрабрувчките пораки, сигурно и вие и граѓаните на Република Македонија кои што го читале овој извештај, знаат што значи, а тоа е само поради прифаќањето на сите непринципиелни работи кои што нашиот јужен сосед ги нуди и ги предлага во однос на решавањето на долгогодишниот спор. Но содржината и суштината се всушност вистинските пораки и забелешки, до кај сме со реформите и напредокот на нашето општество кое е суштествено битно за да ги убедиме и вие тоа добро го знаете. Граѓаните на членките од европската унија, дека РМ навистина заслужува да добие датум за преговори и РМ навистина во догледно време заслужува да биде дел од овој клуб односно да биде полноправна членка во ЕУ“,  рече Данев.