Данев: Зголемените плати ќе го подобрат животниот стандард

Од денес започнa исплатата на повисоки плати за вработените во армијата, полицијата, здравството, образованието, културата, јавните претпријатија, јавните служби и останатите државни институции во земјава.

Ова зголемување е продолжување на тенденцијата со цел континуирано подобрување на животниот стандард на граѓаните, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа овие предлог измени на Законот за исплата на плати, не само бидејќи ќе помогне на илјадници семејства кои се вработени во јавните сектори, но и бидејќи верува дека на овој начин ќе влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните и зголемување на платите во останатите сектори во стопанството. Сакаме да нагласиме дека од 2006 година платите во јавната администрација, образованието, културата, полицијата, армијата, здравството и други сектори континуирано беа зголемувани со што се потврдува нашата заложба за подобрување на стандардот на граѓаните. Значајно е да се нагласи дека зголемените плати за 4 отсто што ќе ги земат вработените во јавниот сектор овој месец, се случува во период во кој можеме да забележиме тренд на намалување на платите скоро во сите земји од нашето опкружувањето, но и во Европа. Србија, Хрватска, Словенија и други земји од опкружувањето се соочуваат со сериозни кратења на средствата за плати во овиe сектори“, истакна Данев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.