среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 45

ФОТО: Даниел Дончевски по четврти пат го фати светиот крст во Скопје

Даниел Дончевски по четврти пат го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје. Од стотината верници кои скокнаа во водите, тој ја имаше срерќата повторно прв да стигне до крстот. Дончевски е по потекло од Кратово а прв пат крстот го фатил во 2007 година.

daniel-doncevski

Поврзани вести

Даниел Дончевски по четврти пат го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје. Од стотината верници кои скокнаа во водите, тој ја имаше срерќата повторно прв да стигне до крстот. Дончевски е по потекло од Кратово а прв пат крстот го фатил во 2007 година.

vodici-skopje

Се вели дека оној што ќе го фати крстот цела година ќе го следи среќа, здравје и благосостојба.

vodici-skopje-1

Верувам во овие работи, голем христијанин сум, ова би сакал да го доживее секој, изјави Дончевски.

vodici-skopje-4

Дончевки од претседателот на Владата на Република Македонија одговорен за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев доби подарок телевизор.

vodici-skopje-5

Церемонијата започна со светата Василиева Божествена Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ предводена од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, и со спуштањето на светиот крст во водите на реката Вардар. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на Даниел му додели златник и опков на Евангелието.

koce-vodici

Организатор на манифестацијата е Скопската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Градот Скопје годинава активно се вклучи во организацијата на оваа манифестација, каде ангажирани беа и поголем број на јавни претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје.

Најчитани вести