сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 11

Даниел Крег се откажа од улогата на Џејмс Бонд

daniel

Последни вести

Англискиот актер Даниел Крег (47) повеќе нема да снима филмови за британскиот агент Џејмс Бонд, а во наредниот период ќе игра во американската ТВ серија „Purity“.

Овие информации не се големо изненадување, затоа што Крег претходно има изјавено дека побрзо би си ги „пресекол вените“ отколку да го снима петтиот филм за Бонд. Многу фанови се разочарани, затоа што имаа надеж дека ќе се предомисли.

– Побрзо би ги пресекол вените отколку да го снимам новиот филм за Бонд. Не сакам тоа да го направам и во ред е, преминав преку тоа. Завршивме, сакам да одам понатаму, изјави актерот во октомври.

На актерот не му е грижа кој ќе го замени.

– Воопшто не ми е грижа. Нека им е со среќа. Мене ми е важно дека завршивме кога требаше. Друг нека направи подобро, Крег беше јасен.

После десет години и четири филма за Бонд, Крег се подготвува за снимање на серијата „Purity“ која е базирана на романот на Џонатан Френцен. Крег ќе го игра Германецот Андреас Волф кој и помага на Американката Пјурити да си го пронајде таткото.

Се уште не е познато која компанија ќе ја емитува серијата, а кандидати се Showtime, Netflix, FX и Amazon.

Напуштањето на Крег на франшизата за Бонд се случи по заминувањето на режисерот Сем Мендез.

Најчитани вести