Даниел расплакан и засрамен, не знаел дека треба да оди на прес

Публиката, новинарите и обожавателите се разочарани од постапката на Даниел Кајмакоски, кој не се појави на денешната пресконференција заедно со Кики Лесандриќ и Тамара Милановиќ.

Од продукцијата на „Х-фактор“  изјавија  дека Даниел воопшто не ни бил информиран дека треба да присуствува на прес-конференцијата закажана за денеска во еден познат скопски ресторан.

„До нашата продукција беше испратен допис во кој се бараше Даниел да биде ослободен и да присуствува на доделување награда на „Златна бубамара“. Ние како продукција одобривме негово појавување само на оваа манифестација. Концертот, кој е закажан за 14 март во Скопје, е личен проект на Кики Лесендриќ. Тамара се појави затоа што нејзин ментор е токму Кики, Даниел воопшто немаше информација дека треба да присуствува “, велат за Телеграф одговорните луѓе на продукцијата „МБК“.

Информациите до кои стигна Телеграф се дека Кајамкоски е во шок поради сето ова.

„Даниел плаче затворен в соба и срам му е да се појави. Зарем немаше да се појави да знаеше дека треба да присуствува“, изјавил  близок пријател на Кајмакоски кој сакаше да остане анонимен.

Јасно е дека тука некој лаже, бидејќи не им се координирани изјавите, односно „лагите“, според едните тој воопшто не се појавил во хотел, според другите, не ни знаел дека треба да присуствува, а веќе беше најавен.