Македонија

Даниела Арсовска нов претседател на ССК

Даниела Арсовска нов претседател на ССК

Даниела Арсовска е нов претседател на Сојузот на Стопански комори. Таа доби 232 гласови наспроти Мирче Черкези, кој доби 152 гласови.

Арсовска   беше  член на Управниот одбор и претседател на Услужна комора.
Досешаниот претседател  Златко Калеников функцијата за извршуваше 5, 5 години. Тој порача дека  приоритет на новиот претседател треба да биде  развој на гранските комори и групации.

Сојузот брои 8 стопански комори, 19 групации и преку 1.500 членки.