Даника Патрик конечно дел од Ф1 циркусот

Жена возач во Формула 1 немало речиси 40 години, но сопственикот на НАСКАР тимот, Стјуарт Хас Рејсинг, Џин Хас не ја исклучува можноста тоа да се смени идната сезона.

Нормално, во прв план е членот на овој тим Даника Патрик иако таа, официјално, не изразила желба за такво нешто.

“Ако се најде вистински спонзор, се е можно. Не би сакал да подгревам шпекулации, но има изгледи за такво нешто”
, изјави Хас.

Даника Патрик беше пред влез во Формула 1 во 2008 година кога беше тест-возач на Хонда, но одлучи да остане во НАСКАР. Во моментов во Формула 1 има жена, Сузи Волф од Вилијамс, но таа е само тест-возач и се натпреварува само на слободните тренинзи.