Данкан: Нема да се мешаме, политичарите сами да ги носат одлуките

Државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Алан Данкан, кој ја посети Македонија, повтори дека нема намера да се меша во внатрешните работи на државата и оти конечните одлуки треба да ги донесат македонските политичари.

-Многу уживав во посетата, мислам дека е многу важна, се обидов да се видам со сите. Ние не се мешаме во вашата политика, но сакаме да сториме се што можеме да помогнеме за иднината на Македонија што вклучува членство во НАТО и ЕУ за вашата долгорочна стабилност и безбедност. Не им давам инструкции на македонските политичари. Тие го прават изборот, не јас, рече Данкан.

Британскиот министер Данкан, кој беше во дводневна посета на Македонија, вчера се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Поповски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

На средбите, според соопштенијата од МНР и партиите, се разговарало за актуелната политика ситуација во Македонија, нејзините евроаталнски перспективи, реформските процеси, билатералната соработка…

Данкан се сретна и со лидерите на Алијансата за Албанците и на ДУИ, Зијадин Села и Али Ахмети, а денеска тој оствари средба и со претседателот Ѓорге Иванов.