Данкан олеснет за 20 милиони долари

Легендата на Сан Антонио Спарс и НБА лигата, Тим Данкан е олеснет за 20 милиони долари и тоа од неговиот личен сметководител.

Самиот кошаркар призна дека во периодот од 2005 до 2013 година, неговиот тогашен сметководител Чарлс Бенкс направил злоупотреба со умисла бидејќи парите од Данкан ги инвестирал во сопствени проекти без знаење на Данкан. За измамата, кошаркарската ѕвезда дознала по ревизијата на финансиите за време на разводот.

“Му доверив се на Чарлс и добро му плаќав за да си ја врши работата. Но, тој ја изневери мојата доверба и сега ќе треба да си ги трпи последиците”
, изјави Данкан кој веќе поднел тужба против Бенкс.

Среќа е тоа што овие 20 милиони долари за него се само “капка во морето” бидејќи во својата кариера заработил околу 220 милиони.