Данкан-Паркер-Џинобили стана најуспешно трио во историјата на НБА

Мечот беше одбележан од нивното феноменално трио Данкан-Паркер-Џинобили, кое заедно стигна до 541-та заедничка победа со што стана најуспешно трио во историјата на НБА лигата.

Оваа тројка го надмина легендарното трио на Бостон, Бирд-Мекхејл-Периш, носејќи уште еден момент за историјата во НБА.

На мечот против Бостон, сепак, најдобар беше Ламаркус Олдриџ со 24 поени и 14 скока, Кавај Ленард имаше 19 поени, а Ману Џинобили заврши со 13 поени и осум скока.

Синоќа победи забележаа и Атланта, Мајами, Торонто, Чикаго, Далас и Оклахома.

Оклахома славеше над Денвер со 117:93. Кевин Дурент постигна 25 поени, Серж Ибака заврши со 18 поени и седум скокови, а Расел Вестбрук зад своето име запиша 15 поени, девет скокови и осум асистенции.

ЛА Лејкерс, пак, запишаа и трет пораз на стартот од сезонава. На домашен терен загубија од Далас со 93:103. Дирк Новицки предводеше до победата на Далас со 25 поени.

НБА резултати:

Шарлот – Атланта 92:94
Бостон – Сан Антонио 87:95
Мајами – Хјустон 109:89
Торонто – Милвоки 106:87
Чикаго – Орландо 92:87
Оклахома – Денвер 117:93
ЛА Лејкерс – Далас 93:103