Данска е најскапа земја во ЕУ

Данска е прва на списокот членки на Европската унија според трошоците за живот, а најевтино е да се живее во Бугарија и Романија, покажа најновото истражување на ирското државно статистичко биро.

Цените на стоките и услугите во Данска го надминуваат европскиот просек за околу 40 проценти, додека во Бугарија е двојно помали од просекот, наведуваат статистичарите.