Спорт

Квалификации за СП 2018 Данска и Ирска без голови во првиот квалификациски меч

Данска и Ирска без голови во првиот квалификациски меч

Во првиот натпревар од дополнителните европски квалификации за Светското фудбалско првенство кое идното лето ќе се игра во Русија, во Копенхаген во саботата вечерта Данска и Република Ирска одиграа без голово, па конечниот победник ќе биде познат во вторник во Даблин.

Во очекувано тврдиот дуел во Копенхаген освен што немаше голови и малкуте шанси коишто го создадоа Данците и Ирците ги одбранија голманите кои беа и најдобрите поединци на средбата.

Данците беа подобри во првото полувреме, но не успеаја да постигна од две големи двојни шанси. Прво во 12 минута ирскиот голман Рандолф го одбрани шутот на Ларсен од близина а потоа на одбиената топка натрча Корнелиус но голманот на Мидлснорор повторно бравурозно одбрани. Во 32 минута повторни имаше двојна шанса за гол во еден напад на Данците, Рандолф го одбрани ударот на Ерискен од далечина, а Систо потоа ја испрати топката покрај голот. Во 43 минута се истакна и данскиот голман Шмајхел кој го одбрани ударот на Кристи.

Второто полувреме мина во претпазлива игра до двете страни, практично без шанси сѐ до самата завршница. На минута пред крајот на мечот Дафии се обиде со глава директно во домашниот голман, а во противнапад Рандолф одбрани опасен удар со глава на Поулсен.

Реваншот ќе се игра на 14-ти ноември во Даблин. Ирците последен пат играа на мундијал во 2002 година, а Данците во 2010 година.