Данска им одава почит на жртвите од нападите во Копенхаген

Околу 30 илјади Данци се собраа на плоштадот во Копенхаген за да им оддадат почит на жртвите кои пред два дена беа убиени во двојниот напад во метрополата.

Собирот почна со едно минутно молчење на толпата, која носеше свеќи во рацете и порача дека и покрај се, Данска ќе остане отворено општество и за муслиманите.
Во нападите 22-годишен Данец, со муслиманско потекло, прво уби полицаец во едно кафуле, а потоа смртно застрела и Евреин пред Синагога.
Омар Ел Хусеин имал богато криминално досие, но полицијата не го поврза со ниту една терористичка организација.

Негова главна мета во првиот напад беше контроверзниот карикатурист, познат по провокативните цртежи на пророкот Мухамед..

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.