Спорт

ЕП во ракомет 2018-та Данска ја совлада Унгарија

Данска ја совлада Унгарија

Во средбата од првото коло од групата Д од Европското ракометно првенство кое започна во петокот во Хрватска, Данска во Вараждин во саботата вечерта ја совлада Унгарија со 32:25 (14:12).

По изедначеното прво полувреме во коешто двете селекции се менуваа во водство сѐ додека во финишот Данците не создадоа два гола предност, мечот беше прекршен во периодот од 35 до 45 минута кога Данска со серијата од 6:1 од резултатот 16:16 стаса до предноста со 22:17. Иако на 12 минути до крајот сѐ уште разликата беше подносливи четири голови разлика, до крајот немаше неизвесност бидејќи во 52 минута Данска имаше голема предност од 32:22, а Унгарците до крајот само успеаја да го ублажат поразот.

Расмус Лауге Шмид постигна седум погодоци за Дансак, шест додаде Микел Хансен, додека Мате Лекаи со пет голови беше најефикасен кај Унгарија.

Претходно во саботата во истата група Шпанија ја декласираше Чешка со 32:15 (16:9).