Данска: Полицијата го утврди идентитетот на напаѓачот

Данската полиција го утврдила идентитетот на наводниот извршител на нападите во Копенхаген, но засега не го посочува неговото име, јави ДПА.

Началникот на полицијата во данската престолнина Торколд Фогде изјави дека е пронајдено оружјето, кое се смета дека било употребено во првата престрелка на местото, каде се одржувала беседа за слободата на говорот.

Началникот на службите за безбедност (РЕТ) Јенс Мадсен истакна дека мажот бил познат на службите, но нема конкретни податоци дали патувал во Сирија или Ирак. Неговиот идентитет не беше посочен, само беше истакнато дека потекнува од Копенхаген.

Се смета дека човекот, убиен од полицијата по двата напади во Копенхаген, сакал да ги имитира нападите во Париз во јануари, соопштија извори од истрагата.

Мажот, чија потрага беше објавена, е на возраст меѓу 25 и 30 години. Тој беше убиен од полицијата, откако отвори оган врз нив во реонот на железничката станица Нурепорт, во работничкиот кварт Норебор, неколку часа по нападот врз културниот центар и синагогата во данската престолнина.

Во нападот загинаа две лица, а петмина полицајци беа повредени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.