Данска со лекција и за Германија

Репрезентацијата на Данска уште еднаш покажа зошто важи за голем фаворит за освојување на златото на Светското првренство, откако стигна до рутинска победа над Германија од 28:24. Репрезентативките на Данска беа во водство во текот на сите 60 минути, најголемата позитива им изнесуваше осум гола, па и покрај обидот за камбек на Германија не дозволија сензација на мечот во салата „Парк“ во Струмица.

„Ова беше натпревар токму таков каков што очекуваме. Многу физички, со многу силни дуели. Германија има силна одбрана и моравме да најдеме решение за нивната зона. Ме радува што покрај таква одбрана успеавме да постигнеме 28 гола и што го искористив целиот ростер, имавме ширина и не беше играта на товар на само два-три играчи,” изјави тренерот на Данска, Флеминг Ларсен.