Данската полиција пронашла две тела во замрзнувач

замрзнувач

Полицијата телата ги открила во неделата во градот Абенра, откако роднина на Сиријката пријавил дека веќе неколку дена не може да воспостави контакт со неа.

Иследниците денеска соопштија дека станува збор за убиство, но не изнесоа повеќе детали.

Сопругот на Сиријката не бил во станот и полицијата моментно трага по него.

Сириското семејство пристигнало во Данска во 2015 година и добило бегалски статус.