Дански авиони ќе се вклучат во нападите врз ИД

Дански авиони ќе се вклучат во нападите врз ИД
Дански авиони ќе се вклучат во нападите врз ИД

Данските авиони-ловци од типот Ф-16, кои учествуваа во нападите на меѓународната коалиција во Ирак, би можеле да се вклучат и во операциите притив џихадистичката група Исламска држава (ИС) и на територијата на Сирија, најави шефот на данската дипломатија Кристијан Јенсен, објави МИА.

Седум дански авиони од минатата година учествуваа во нападите на меѓународната коалиција, предводена од САД, против екстремистите во Ирак. Во септември годинава леталата беа повлечени од мисијата, поради ремонт.

– Мораме што побрзо да ги вратиме данските авиони Ф-16. Владата сака тие што поскоро да се вратат назад со проширен мандат за да можат да се борат прптов ИД, истакна Јенсен во изјава за весникот „Берлингске“.

Одлуката за учество на дански воени авиони и во напади врз цели во Сирија треба да биде оодбрена од Парламентот на Данска. Засега нема најава кога Владата ќе достави барање до Парламентот за „проширување на мандатот“ на данските авиони.