Магазин

Дански навики кои ќе ве шокираат!

Дански навики кои ќе ве шокираат!

Сите знаеме дека скандинавските земји се малку чудни. Луѓето имаат чуден начин на живот, чудни навики и чудни сфаќања за некои работи во животот. Особено меѓу скандинавците се истакнуваат Данците.

Сме слушнале и за нив многу чудни работи. Но, овие што ќе ги рпочитате во текстот, во најмала рака ќе ве шокираат. Замислете само обратна ситуација. Како би реагираеле и би се однесувале ние кога би се нашле во тие дански навики и секодневие?

Интернет

Во Данска се’ може да се направи преку Интернет, со помош на т.н. жолта картичка. Се’ е до тој степен интернетизирано што некои класични работни места како библиотекар целосно се исчезнати. Во данските библиотеки се’ е компјутеризирано. Книгите се изнајмуваат со помош на компјутер, се враќаат преку движечка лента, која издава сметка, па дури и пресметува ако сте задоцниле со враќањето. И плаќањата се електронски. Има се’ помалку и помалку благајници, а големите трговски синџири преминуваат на автоматизирани благајни. Карти за траекти можат да се купат само он-лајн, и тоа за одреден траект во одредено време. Ако патникот задоцни – може да влезе во следниот на кој има место, а се чека во просек половина ден. И весниците се читаат он-лајн. Речиси и да нема киоск со весници. Тие се продаваат во продавници и се многу скапи.

zolta-kartica

Фитнес

Во Данска има фитнес клубови во изобилство. Работат нон-стоп. Имаат јога, пилатес, и други видови вежбање. Термините секој си ги одредува сам, како му одговара, и тоа преку Интернет. Месечната претплата изнесува 350 дански круни (околу 50 евра).

Но,огромни се казните ако не се појавите на договорениот термин. Колку пати нема да се појавите во текот на месецот, на договорените термини, толку глоби ќе си платите. Немој ни да помислувате да не платите. Ќе ви биде блокирана жолтата картичка, па освен претплатата и глобите, ќе си платите и трошоци за процедурата, а се разбира и камати. Исто така, во договорот кој се потпишува за посета на фитнес клубовите, секогаш стои дека сте обврзани да доаѓате 10 минути порано на резервираниот термин. Ако не го почитувате тоа, повторно глоба.

Ништо по 6 часот попладне

Во Данска се’ се затвора во околу 18 часот. Ако чекате во некоја продавница во ред на каса, и во тој момент истече работното време, тогаш стоката што сте имале намера да ја купите ќе треба да ја вратите, и да дојдете повторно следниот ден. Излегувањето по 18 часот во Данска се смета како малку непристојно. Данците во 18 часот имаат семеен оброк, нешто како ручек-вечера, а во 19 часот децата одат на спиење. Таков е редот. Ако сте во ресторан, треба да знаете дека во 21 часот келнерите и персоналот почнуваат да го расчистуваат и средуваат објектот, и ќе ви донесат сметка дури и ако не сте ја ни побарале. Доколку не станете да си заминете, тогаш во 22 часот бидете сигурни дека ќе ве избркаат.

Штедење, штедење, штедење

Данците се исклучително штедлив народ. Набавките во маркетите ги прават во петок, бидејќи во сабота доаѓаат нови свежи производи, овошје, зеленчук и месо. Поради тоа во петок производите се продаваат по акциски цени. Данците преферираат сирова храна, а со тоа добиваат се’ што им треба. Ретко готват, но тоа не значи дека јадат по ресторани, бидејќи јадењето надвор од дома го сметаат за расипништво и луксуз. Ненаменските кредити во Данска се исклучително ретки. Речиси и никој да не подига таков. Највисоките каматни стапки во банките се 3 отсто, но кредит неможе да се добие без добра причина. Данците воопшто не го разбираат концептот на минус на сметката во банка, односно „дозволеното пречекорување на сметката“.

bebinja

Терапевтски придонес на спиењето на улица

Пред секоја градинка во Данска може да се заблежат колички за деца, нешто што и не е така чудно и невообичаено. Но, во количките има и деца. И да студи, и да врне дожод, или да паѓа снег, а ветер дува постојано, децата во количките спијат. Колку и да звучи тоа неверојатно, точно е. Но, Данците силно веруваат во терапевтскиот придонес на спиењето на децата на улица, и тоа без надзор од овластено лице од градинката. Данците се збунети и не разбираат зошто странците честопати кога ќе се ги забележат децата во количките какоспијат или плачат, паничат и веднаш повикуваат полиција и социјална служба. Во данските градинки радинката нема сопствен двор, тогаш мора да обезбеди тераса, која ќе биде спална за деца на отворено.

gradinka_suma

Најдобро е децата да се остават во шума

Данците кестремно се придржуваат до екологијата и до здравиот живот. Данските деца многу ретко добиваат слатки, но затоа многу се внимава тие да јадат сирова храна. Не им се купуваат играчки кои немаат крај и конец. Децата треба да бидат креативни и да си играат надвор, без никакво вмешување на возрасните во нивната игра. Од тие причини многу се популарни шумските градинки. Станува збор за дестки градинки, кои во градежна смисла, имаат приправен санитарен јазол на ливада во шума, надвор од градовите. Просториите за игра, за спорт, за танцување, шкафчињата и останатиот вообичаен инвентар за една детска градинка, се наоѓаат во шумата. Оние од јасли се во група „Даб“, а останатите во „Смрека“. Осум часа секој ден, тие деца прстојуваат во шума, без покрив, без зграда, без играчки, без греење. И тоа во земја во која има силна зима од крајот на септември до почетокот на мај. Децата со себе си носат т.н. ланч-пакети, претежно од сирова храна. Основно правило е дека децата од јасли мора да се анимираат самите, без педагог. По престојот од осум часа во шума, децата назад во градот ги враќа автобус. Во детските градинки во шума, нема вируси ниту бактерии. Тие деца се исклучително здрави.

Ако бебе има температура ќе заврши голо на снег

Данците не наседнуваат на фармацевтските лобирања и измами со лекови, од проста причина што според нив од повеќето од работите не се умира. Ова е став не само на обичните граѓани туку и на данските лекари. Ако некое дете во градинка има температура, го соблекуваат голо и го оставаат покрај отворен прозор и тоа среде зима. Тоа, според Данците е единствениот природен начин за спуштање на температурата! Данските мајки презираат чепчиња, сирупи, облоги и останата прва помош за зголемена телесна температура. Исто така, Данците презираат и непотребно одење на лекар поради висока температура. Во Данска на лекар неможе да се отиде без претходна најава и закажување, или преку Интернет или телефонски. Од тие причини неможе ниту да се дојде на лекар со симптоми на обично разболување, како настинка или висока температура.

Фризурите проблем?

Влегување во дрогерија и долготрајно одбирање на шампон или пак на гел за туширање  се мали и вообичаени радосувања за жените. Но, тоа не важи во Данска, за нив тоа е глупаво и е губење на време. За нив е важно кога ги набавуваат тие производи, да се здрави, еколошки и во големи пакувања. Во нивните дрогерии нема шарени полици и миризливи понуди: пакувањата се петлитарски, без мириси и без адитиви. Не прават пена и не ја загадуваат водата и природата. Што можете повеќе да посакате? Капење дома, без мирис, без пена. Во фризерските салони во Данска неможете да ја бојадисувате својата коса, да боите прамени, или да правите фризури со помош на лак за коса дури и да сакате да платите десетоструко. Таму не се употребуваат хемикалии. Може да си ја бојадисувате косата само со еколошки и природни бои.

kuka-danska
Зошто завеси?

Колку една земја е појужно, толу повеќе се користат покривки за прозорците како завеси и други видови ткаенина. Колку една земја е посеверно, помалку се употребуваат покривки за прозорците. Данците пак, уживаат во стаклени ѕидови, а нормални ѕидови користат за преградувања во своите домови. Во голем дел куќите и станови, најмалку 50 отсто од надворешните ѕидови се стаклени, проѕирни, отворени за секој поглед. Завеси воопшто не користат. Не е секогаш пријатно де се пресоблекувате пред „публика“, или пак да ги фледате соседите како имаат секс, но за Данците тоа не е проблем, бидејќи тие не ни погледнуваат кај соседите, или пак кога одат по улица, не се ни вртат кон куќите. Ако во Данска одите, на пример на базен, вообичаено пред да влезете да пливате, да се истуширате во заедничка просторија со останатите и тоа целосно гол. Ако сте жена тогаш со останатите жени додека се туширате ќе треба да се коментирате една со друга, бидејќи тоа е пристојно и вообичаено таму. Нема срамежливост од голотија, дури ни пред деца во пубертет.

Текстот е изработен од делови од книгата „Данци и странци“ на загрепчанката Кристина Волфспергер Даниловски