Дански политичар нападнат додека гледал фудбалски натревар

Поранешниот министер за правда на Данска Мортен Боедсков беше удрен во лице додека го следел натпреварот од ЕП 2016 на видео бим во Копенхаген.

Боедсков бил заедно со двајца пријатели кога во вторникот навечер му пришол еден човек и му поставил неколку прашања пред да го удри.

Портпаролот на полицијата во Копенхаген Ове Ларсен рече дека сеуште нема уапсени лица поради инцидентот. Овој случај се товари како насилство врз јавна личност, а максималната казна за обвинетиот е осум години затвор.

Шефот на опозициската Социјалдемократска партија Мете Фредериксен, каде Боедсков е член, вели дека нападот е политички мотивиран. Тој беше министер од 2011-тата до 2013-тата година.

Тој е нападнат додека го следел натпреварот меѓу Исланд и Португалија, која заврши нерешено со резултат 1: 1.