Данските туристи ја отворија сезоната во Охрид

Данците ја отворија сезоната во Охрид. Топло добредојде на првата група од Данска синоќа охриѓани им посакаа на традиционален начин со погача, сол, слатко и ракија, пренесе Канал 5.

Иако 22 дена отседнуваат на брегот на Охридското езеро во потрага по авантура  со  исполнета програма, многу излети, разгледи и прошетки тие ќе ја откриваат Македонија.

-Во нивниот престој од 22 дена имаат десет екскурзии низ цела Македонија,тука би набројал, Свети Наум, Тиквеш, Битола, Струга, Вевчани . Имаат тура до Тирана соседна Албанија Поградец и уште неколку други екскурзии во околината и подалеку, вели Јаким Маленко ТА ВИСПОЈ Охрид, пренесе Канал 5.

Повеќето за прв пат доаѓаат во Македонија, претходно читале за земјава во која најмногу ги привлекува богатата историјата и природното и културното наследство.

– Ми се допаѓа многу сум бил претходно и во Југославија поранешна два пати. Мислам дека е многу убаво, вели еден Данец.

– Читав во Витус – магазин и помислив тоа е нова авантура.  Мислам дека е многу убаво  и луѓето се многу љубезни и очекувам убаво да си поминеме,вели еден туристка од Данска.

– Многу убава земја е со многу природни убавини и затоа одлучивме да дојдеме на одмор, вели една гостинка од Данска.

Данците трета година организирано доаѓаат во Охрид.Тие се туристите кои ја продолжуваат сезоната отседнувајќи исклучително долг период, секоја група по три недели и тоа во април, мај, септември и октомври. Годинава е предвидено да остварат преку 5000 ноќевања, објави телевизијата.