Дара се фали со „порше“ од 96.000 долари, а не го исплатила

Пеачката Дара Бубамара, која пред повеќе од осум месеци купила „порше“ за 96.000 долари од пријател кој живее во Америка и се’ уште наводно не го исплатила возилото. Се зборува дека пеачката сега ја бркаат за да го исплати луксузното „порше“.

„Дара немаше пари веднаш да го исплати возилото, па го замолила пријателот да ја почека. Бидејќи се добри пријатели, се договориле  за шест месеци да го исплати поршето. Сепак, рокот за исплата помина, а Дара на пријателот не му се јавува на телефон, а тој непрекинато ја бара за долгот“, изјави близок пријател на пеачката, кој додава дека продавачот на автомобилот ангажирал свој пријате да бара пари од Дара.

„Човекот од кој го купила автомобилот преку заеднички пријател контактирал со Дара и рекол дека му требаат парите и дека е лошо тоа што Дара не се јавува на телефон. На тоа, пеачката му објаснила дека собрала 6.000 евра, и дека и’ треба уште еден месец да го исплати автомобилот. Тој ќе почека уште еден месец, а во спротивно ќе и’ го земе автомобилот, бидејќи бил многу толерантен кон неа, а таа максимално ја искористи таа негова особина“, вели извор за српски  „Курир“.

На сите овие приказни, Дара Бубамара вели дека тој автомобил го добила на подарок и дека никому не должи ништо.

„Хаха, ова се’ уште не сум го слушнала. Тој автомобил го добил на подарок, а љубоморните души можат да ми се фатат“, кажала Дара. Пеачката своевремено зборувала дека го купила автомобилот. „Небитно, дали сум го купила или добила, јас возам и парадирам по патот. На фризер сум“, одговорила Дара.

dara-bubamara-foto-printskrin-1414574666-585235
Дара сними спот во поршето

Иако должи пари за белото „порше“, тоа Дара Бубамара не ја спречило да во него сними спот. Екранизацијата на новата песна „Карера“, Дара ја правела на повеќе локации, а во некои делови го вози тој автомобил. Изгледа дека пеачката не размислува за своите долгови, туку сака да се фали со скапи работи кои ги поседува.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.