Економија

Дарко Димовски е новиот претседател на ССМ

Дарко Димовски е новиот претседател на ССМ

Дарко Димовски и официјално стана претседател на ССМ. Од 108 присутни делегати, за Димовски гласаа 68, додека неговиот противкандидат Пецо Грујовски ја доби поддршката на само 2 делегати.

„Мојот мандат е многу краток и ќе трае две години, зошто ова е вонреден конгрес и затоа ќе се фокусираме на овие три цели, враќање на работничките права, загарантираната плата и враќање на достоинството. Реформите се неизбежни во Сојузот но  тоа е наш интерен проблем, кој сплотено ќе го решиме.“ – вели Дарко Димовски – претседател на ССМ.

Сепак, ниту овој вонреден Конгрес не помина без обвинувања. Делегатите од УПОЗ, заедно со кандидатот Грујовски ја напуштија салата и обвинија дека процесот не бил демократски. Тие се побуниле зошто сакале гласањето да биде тајно, но мнозинството делегати одлучи гласањеро да биде јавно. Грујовски накратко застана пред камерите, но не објасни зошто ја напуштија салата.