Дарко Димовски нов претседател на ССМ

 В.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски, на денешното продолжение на Вонредниот конгрес е избран за нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран преку јавно гласање со мнозинство гласови.

Претходно дел од синдикатите ја напуштија седницата, а кандидатот за претседател Пецо Грујовски од УПОЗ изјави дека се работи за најконтроверзниот конгрес.

„Во оваа прилика немам што да изјавам освен дека изгуби Сојузот на синдикати на Македонија и работници“, изјави Грујовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.