Дарко Лешоски се повлекува од Струшките вечери на поезијата

Поетот Дарко Лешоски, кој деновиве беше назначен за нов претседател на Управниот одбор на поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата, се повлекува од функцијата.

Лешоски ја соопшти својата одлука во интервју за Дојче веле, во коешто вели дека „останува отворен за секаква помош за враќањето на некогашната слава“ на оваа светски реномирана манифестацијата.

Откако беше назначен на функцијата, Лешоски беше цел на жестоки критики во јавноста во поглед на тоа дали е дораснат за улогата што му е доделена, и најмногу за поранешниот однос што го имаше кон оваа манифестација, па и неговата компетентност за водење на ваква значајан и обемна манифестација.

„Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во Сервисот за односи со јавност на Владата“, вели Лешоски во интервјуто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.