Балкан

Дарко Шариќ едвај спасен од чуварите во затвор, Калиниќ се обидел да го убие

Дарко Шариќ едвај спасен од чуварите во затвор, Калиниќ се обидел да го убие

Порнешниот припадник на „земунскиот клан“, Сретко Калиниќ (40) познат како Ѕвер и Касап, се обидел во притвор во зградата на Специјалниот суд да го нападне нарко-босот Дарко Шариќ, ексклузивно дознава српски Курир, а пренесува НетПрес.

Затворските стражари спречиле да не дојде до поголем инц идент, а Калиниќ истиот ден е префрлен од белградскиот притвор во затворот во Пожаревац.

„Двајцата беа сместени во посебни одделенија на притворската единица. Инцидентот се слуќил кога случајно се сретнале во периодот кога ги изнесувале на прошетка. Калиниќ се обидел да го нападне Шариќ, а бидејќи е познат како суров убиец, прашање би било што би се случило ако стражарите не изреагирале веднаш и го спречиле инцидентот“, вели извор за Курир.

Страв и трепет

„Калиниќ повеќепати до сега во притвор докажа дека е подготвен на се. Тој се обиде и да побегне од притвор во Централниот затвор, а Сретен Јоциќ, познат како Јоцо Амстердам го мавал со плочка која ја откорнал од тоалетот во келијата додека го спроведувале стражарите. Минатата година во неговата ќелија се пронајдени жилети и јаже кој ги сплетол од скината маица“, додава изворот.

zeljko-milovanovic-sretko-kalinic-sudenje-pokusaj-bekstvo-beograd-1353334030-231618

По последниот во низата инциденти кои ги направил итно е „иселен“ од Белград.

„Калиниќ во рок од еден час со огромно обезбедување и во најголема тајност е транспортиран до Поаревац. Сместен е во седмиот павиљон од затворот и во иднина ќе биде носен н а судењето во Белград“, вели изворот.

соговорникот за Курир вели дека не може да каже зошто Калиниќ сака да се пресмета со Шариќ.

„Тие двајца не делеле келија, ниту пак имале прилика да се сретнат во притворот. За тоа се води сметка. Недоразбирањето веројатно датира уште од периодот кога двајцата биле на слобода“, објаснува тој.

Шариќ зборува за Калиниќ

Додека притворените биле во бегство, медиумите шпекулирале дека Калиниќ работи за Шариќ, кој тоа го негираше во јуни во 2010 година.

„Тоа што ме претставуваат како налогодавач на разноразни убиства и ме поврзуваат со Лука Бојовиќ, Цветко Симиќ, Сретко Калиниќ и земунскиот клан се ортодоксни лаги“, напиша Шариќ пред да се најде во притвор.

Името на Сретко Калиниќ го спомена и на првото појавување пред судот.

„Се сеќавам кога е уапсен Калиниќ. Утрото се разбудив, го уклучив телевизорот и слушнав „Се ова го наредуваше Дарко Шариќ“. Се чувствував како актер во американски филм кога на главниот актер се му е наместен, а тие бегаат цело време за да докажат дека тоа не е точно“, рече Шариќ.

Бранителот на Дарко Шариќ во текот на вчерашниот ден не одговарал на телефонските повици.