Дарко Шариќ соработувал со високи политичари во Србија

Наркобосот Дарко Шариќ, кој е уапсен утрово под обвинение за шверц на над пет тони кокаин, не можел да го води својот „бизнис“ без поддршка на важни политички субјекти во Србија, изјавил криминологот Златко Николиќ , цитиран од српската агенција „Бета“.

Според Николиќ одделни луѓе од полицијата и обвинителството соработувале со Шариќ и со неговата изјава пред судот можеби ќе го открие нивниот идентитет.

„Не би сакал да сум во кожата на политичари кои му помагале Шариќ“, изјавил Николиќ.