Спорт

Дармиан пристигнува на Олд Трафорд

Дармиан пристигнува на Олд Трафорд

Медиумите ширум Европа постојано “селат” плејмејкери и напаѓачи во Манчестер Јунајтед, но очигледно менаџерот Луј Ван Гал има други планови.

Англискиот премиерлигаш сериозно влегува во трката за ангажман на десниот бек на Торино и италијански репрезентативец, Матео Дармијан.

Ван Гал сака да има нова опција на десната странична позиција, а откако Дани Алвеш го продолжи договорот со Барселона, сега Дармијан е првата желба на Холанѓанецот.

Манчестер јунајтед е подготвен да плати 14 милиони фунти за да го доведе Дармијан на “Олд трафорд”, но ќе има сериозна конкуренција и во германскиот првак Баерн Минхен, како и италијанските клубови Наполи и Интер.