Да се одбраниме преку цврст прагматизам

Во минатата колумна потцртав дека во Македонија нема политичари за дејствие. Имаме директни петтоколонаши и предавници, а од друга страна – патриоти само на зборови и емоции. На тој начин, антитезата е: брутална антидржавност – пасивизирана државност.

На стравот од губење на македонскиот идентитет преку менување на уставното име, на рушењето на државните институции, на притисокот за двојазичност и официјална федерализација на Македонија и за уништуване на македонската држава, пасивизираните божемни патриоти одговараат со проекти за вработување, инвестиции, социјален стандарт.

ТОА Е СЛИЧНО КАКО САД ДА ТРУПААТ ВОЈСКИ НА РУСКИТЕ ГРАНИЦИ, А ВЛАДАТА НА РУСИЈА ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НАМЕСТО СО ВОЕНА ТЕХНОЛОГИЈА, СО ПРОТЕЖИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРОЕКТИ.

Ете, тука е суштинската разлика меѓу македонските политичари и тие во другите држави. Нашите живеат во паралелен свет, кој нема врска со реалноста. Затоа и јазот меѓу македонскиот народ и политичарите се’ повеке расте. Народот сака институции и држава, која ќе обезбеди нејзин суверенитет и интегритет и ПРЕКУ ТОЈ СУВЕРЕНИТЕТ И ИНТЕГРИТЕТ ДА РАЗВИВА ЕКОНОМИЈА И СОЦИЈАЛЕН СТАНДАРД. ЗАТОА ШТО, БЕЗ ДРЖАВА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОСТВАРИ НИТУ СТАНДАРД, НИТУ ДОБАР ЖИВОТ.

Тоа се азбучни вистини, кои ги потврдува и новата анкета на институтот „Павел Шатев“. Вкупниот рејтинг на сите партии во Македонија изнесува само 52. 5 отсто. Т.е. близу пола од македонските граѓани, без разлика на етничка и верска припадност, не прифаќаат ниту една од спомнатите девет партии.

СО ДРУГИ ЗБОРОВИ, НЕ ГО ПРИФАЌААТ ДОСЕГАШНИОТ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ.

Во таа врска, нема потреба од залажување и шпекулации.

Зошто на пример, Путин во Русија има рејтинг од 82 отсто, а Груевски во Македонија – само 28 отсто? Зошто партијата „Единствена Русија“ во септември доби на изборите 343 пратеници од 450 во Собранието, а моменталниот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ е само 25.9 отсто? Нема никакво значење дека Македонија во однос на Русија е мала по територија и население. Кон крајот на своето управување Елцин имаше само 12 отсто поддршка, т.е. околу 7 пати помалку отколку денес Путин.

РАЗЛИКАТА Е ВО ТОА ДАЛИ ПРИОРИТЕТИТЕ СЕ ВО ИНТЕРЕС НА НАРОДОТ, КАКО И ВО КАРАКТЕРИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ.

Затоа и Черчил рекол за Сталин:

Тој ја затекна Русија со дрвено рало, а ја остави како нуклеарна сила.

Историјата не се интересира дали политичарите воделе балансирана политика или не, дали биле морални, какви идеи имале итн., туку како настанале нивните држави, дали имале победи или порази, дали се соочувале или биле уништени. ТОА Е ГЕНЕРАЛНИОТ КРИТЕРИУМ. Се друго е преокупација на писателите и уметниците, тие работат со морални и естетски категории. Само што, писателите и уметниците ИНТЕРПРЕТИРААТ, А НЕ ЈА ПРАВАТ ИСТОРИЈАТА.

Секоја држава не се одржува со емоции, туку со суров прагматизам. Ако Македонија биде уништена, никој во светот нема да се интересира дали тоа одговарало на меѓународното право и на „демократијата“. Како и денес на никој (ако исклучиме некои медиумски потсетувања) не му е гајле за уништувањето на Ирак и Либија од САД. Или, пак, за капитулацијата на Југославија во 1999 година. Така нареченото меѓународно право, „демократија“, „човекови права“ се само адути за уништување на влади и држави. Ако пучот против Ердоган беше успешен, никој немаше да протестира дека е незаконски. Откако не успеа, тогаш испадна дека е „незаконска“ цврстата реакција на Ердоган. Само што, кога тој ги одби претензиите на САД и на ЕУ за „демократско“ однесување, тие си легнаа на брашното.

Секојдневно во светот гледаме примери како се зачувуваат или уништуваат држави поради политичарите. Уште еднаш ќе повторам дека кај нас нема политичари за дејствие, а меѓу македонскиот народ (и самиот тој) има патриоти за дејствие, автентични народни лидери. Но, тие не се во политиката.

МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ СЕ ПОВРЗАНИ КАКО КОКОШКАТА И ЈАЈЦЕТО. ПОЛИТИЧКИТЕ ХЕРМАФРОДИТИ ПРЕД 25 ГОДИНИ СОЗДАДОА ХЕРМАФРОДИТСКИ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ, А ТОЈ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ ДО ДЕН-ДЕНЕС ПЛОДИ ПОЛИТИЧКИ ХЕРМАФРОДИТИ.

За да се зачуваме како автентична држава потребни се како привремени, така и долготрајни мерки, приоритети, стратегии. За долготрајните приоритети и стратегии пишувам во книгата „Македонска национална програма“, која ќе биде објавена овој месец. На краткорочен план, повеќето политичари гледаат на изборите на 11 декември како на панацеја за одржвување од кризата. ТОА Е ДЛАБОКО ПОГРЕШЕН СТАВ.

Ако има избори на 11 декември, секако е потребно македонскиот народ да гласа против домашните и странски окупатори на Македонија, против петтоколонашите и „шарените“ соросоиди. Моментно нема друга позитивна алтернатива освен ВМРО-ДПМНЕ. Само што, односот на македонскиот народ кон досега владејачката партија има два аспекти. Првиот е, дека во споредба со предавничката СДСМ, соросовите бандити, шпиуни и странци, ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива опција. Врориот аспект е, дека нејзината национална програма, пратениците во Собранието и министрите се несоодветни на денешната драматична состојба на македонската држава. Обрнете внимание, два месеца пред изборите моментниот сооднос меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 25.9 отсто наспроти 15.7 отсто. Со досегашните дејствија на пратеници и функционери, разликата може да се намали со уште неколку проценти, кое е стратешка цел на опозицијата. Во секоја друга држава, при антинационални и антидржавни дејствија на некоја партија, ако таа не биде меѓувремено забранета, ќе има рејтинг максимум 2-3 отсто. И соодносот би бил 10, дури 15:1. Кај нас, владејачката партија нема дури ни дупла предност.

СО ДВА ЗБОРА, ИЗБОРНА ПОБЕДА ЌЕ ИМА, НО КРИЗАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ, АКО ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГИ СМЕНИ СВОИТЕ ПРИОРИТЕТИ И СВОИТЕ КАДРИ.

Едното е поврзано со другото, затоа што попусливите „кооперативци“ во и надвор од Собранието, одговараат на погрешните партиски приоритети. Надвор од тоа, владејачката партија сè уште не расчистила со така наречените „локални шерифи“, кои го уништуваат нејзиниот рејтинг.

Победата ќе биде џабе, ако не биде поврзана со расчистување на државните предавници, шпиуни и соросоиди.

Победата ќе биде џабе, ако странските амбасадори, кои господарат со Македонија, треба да бидат ставени на нивното законско место.

Победата ќе биде џабе, ако не се стави препрека на албанските претензии за двојазичност, за одвоен етнички бјуџет, за официјална федерализација на Македонија.

ПОБЕДАТА ЌЕ БИДЕ ЏАБЕ, АКО ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА НЕ СЕ СТАВИ РЕД, РАВЕНСТВО ПРЕД ЗАКОНИТЕ ЗА СИТЕ, ЕМАНЦИПАЦИЈА ВО ОДНОС НА СТРАНСКИТЕ ФАКТОРИ. КРИЗАТА ЈА ДОНЕСОА ОДНАДВОР И НЕЈЗИНОТО РАСЧИСТУВАЊЕ МОРА ДА ПОЧНЕ СО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СТРАНСКАТА ОКУПАЦИЈА.

Горните приоритети не можат да бидат реализирани од досегашните пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ, навикнати на додворување кон странците и на абдикација во однос на македонските интереси:

1) Грчкиот министер за надворешни работи си игра мајтап со македонскиот народ и вели: „вашиот кум ви го погрешил името“, а македонскиот министер на МНР во одговор тврди дека односите ни се подобрени со Грција. За таков инфантилен човек, македонскиот народ да гласа?

2) Македонскиот министер за одбрана Јолевски со своето додворување ја направи македонската армија како да е дел од американската и е спремна да биде топовско месо. Дали ваква марионета да добие поддршка од македонскиот народ?

3) Илија Димовски, координатор на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ги водеше катастрофалните преговори во Пржино. Потоа стана подносител на антиуставниот Закон за специјален обвинител тврдеше: „Со овој закон, ако досега сме живееле во магла, конечно ќе излеземе од неа“. Сега се дере против законот и против „Специјалната“.

4) Малку пред полноќ на 15 септември 2015, околу 23.30 часот и Собранието, и Советот за јавни обвинители ЕДНОГЛАСНО го изгласаа и законот, и нелигитимната „Специјална“ и ги пратија авионски документите за да ги потпише Претседателот дури во Подгорица. Денес сите вриштат дека Катица била неписмена, а минатата година сите тврдеја дека била супер. З

А ТАКВИ КАЛКУЛАНТИ И ПРЕВАРАНТИ НЕМА МЕСТО НИТУ ВО СОБРАНИЕТО, НИТУ ВО СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, НИТУ ВО УСТАВНИОТ СУД.

Кога веќе сме втурнати во тунел, имаме три можности:

а) да изумреме во тунелот;

б) владејачката партија пред да направи кандидатските листи, да ги задолжи кандидатите да се потпишат пред нотар за конкретните приоритети за кои ќе работат во Собранието и нотарно заверена оставка, која да се чува кај Претседателот на партијата. И таа да може веднаш да биде активирана доколку пратеникот гласа на штета на нас народот и државата. На тој принцип дејствува владејачката партија во „Бугарија ГЕРБ“, и затоа повеќе од 10 години нема ниту еден „независен“ пратеник;

в) ако и по изборите македонските државни институции и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжат со својата глувчешка политика, ТОГАШ НАВИСТИНА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕТО НА АВТЕНТИЧНИТЕ НАРОДНИ МАКЕДОНСКИ ЛИДЕРИ, КОИ НЕМА ДА СЕ УЛИЗУВААТ НИТУ НА СОСЕДИ, НИТУ НА СТРАНСКИ ОКУПАТОРИ, НИТУ НА ДОМАШНИ ТЕРОРИСТИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.