Даскалов се самоубил, се чека потврда од обдукцијата

Според првичните информации од полицијата,бизнисменот  Горан Даскалов од Штип сам си го одземал животот.

Од МВР  го потврдуваат идентитетот, а првично велат дека се работи за самоубиство, но за официјална потврда се чекаат резултатите од обдукцијата.

До  неговото безживотно тело во викендичка во населбата Сутилак бил пронајден и пиштол, кој е предаден на вештачење.

Даскалов беше член на Управниот одбор на Текстилен кластер и до пред една година претседател на ФК „Брегалница“.

Штипската јавност Даскалов го познава како човек кој работеше во текстилниот сектор.