Даскаловски: Договор мора да има, потребен е компромис за доброто на сите граѓани

Даскаловски: Договор мора да има, потребен е компромис за доброто на сите граѓани
Даскаловски: Договор мора да има, потребен е компромис за доброто на сите граѓани
Не би требало да има менување на Уставот, затоа што тоа би бил еден џентлменски договор сега, за ова кризно време. Значи не треба да се правиме наивни, ова е многу кризна ситуација и мора да се најдат храбри одлуки. Храбри одлуки коишто можеби не се стандарди, но во моментов се потребни. Штом се стабилизираме, ние можеме повторно да се вратиме на стандарден систем, вели универзитетскиот професор и политички аналитичар Жидас Даскаловски во интервју за Сител.

Даскаловски вели дека победникот ја прави Владата, а поразените чекаат 4 години или 8 години за да дојдат на власт.

-Но во моментов мислам дека треба да се оттргнеме од таа реторика победникот зема се, а губитникот нема ништо. Треба да преовладува државниот интерес и интересот на граѓаните за да се даде некаква остапка и да има компромис ќе биде добро за сите граѓани. Сметам дека во моменталната состојба нема да биде адекватно да се оди до крај со инаетењето од страната на ВМРО-ДПМНЕ и од страната на СДСМ. И затоа би било добро, за интересите на Македонија и Македонците како народ, вели Даскаловски.

Тој додава дека ќе биде полезно опозицијата да ги признае резултатите, затоа што ќе биде дел од решението.

-Ако имаат договор, ваков каков што предложивме или некаков поинаков, сега деталите да ги одредуваме ние и да бидат јавни, нека бидат приватни и тајни, мислам дека тогаш ќе ги признаат резултатите од изборите и ќе одиме напред. Еве, да речеме за 2 години нека има повторно парламентарни избори. Меѓутоа ние немаме друго решение во моментов освен вонредна воена состојба. Изборите на 5 јуни ќе се одржат и затоа ние треба да гледаме тие да бидат што е повеќе можно прифатени од сите политички актери. Ќе дојде и лето, мислам дека ќе биде коректно протестирачките страни да се одморат малку и да се стабилизира земјата. Анекс на Пржино, Пржино 2, сеедно. Договор мора да има помеѓу политичките елити, инаку лошо ни се пишува, вели Даскаловски.

Тој додава дека добро е да се вразумат политичарите од двете страни, од опозицијата и владејачката коалиција, а тука западните пријатели треба да ни помогнат.

-Тие што и мислат добро на земјата во смисла да дадат поддршка, компромисни решенија. Доколку тие не го прават тоа, силата ќе биде кај оној кој мисли дека ќе победи со бојкоти, со неучество на избори и протести на улиците, заклучува Даскаловски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.