Даскаловски: Нормална е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ со амандманите во услови кога немаше никаква дебата

Нормална е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ со амандманите кога немаше никаква дебата. Законот е донесен со европско знаменце, кое се коси со Уставот, не може да се дејствува арогантно со опозицијата за такви битни прашања. Соработка треба да има со целата јавност, рече професорот Жидас Даскаловски во вчерашното гостување на телевизија Алфа, во емисијата „60 минути со Горан Момировски” каде дискутираа со Рубин Земан за актуелните прашања во Република Македонија.

Според професорот Даскаловски, нормално е однесувањето на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за поднесувањето на 35 илјади амандмани.

Во тој контекст тој рече не може да се носи закон на сила, особено таков закон без дебата, за кој Зоран Заев вети широка дебата.

Исто така професорот Даскаловски вели дека во Република Македонија моментално не се спроведува мултикултурна политика во ниту една област, што тој отценува дека е голема грешка.

„Нема потреба да се кршат закони и прават дополнителни проблеми и на една етничка заедница да се зголемат правата, а друга воопшто и да ги нема, само затоа што некој сака на сила да донесе некој закон, кој е противуставен“, смета професорот Даскаловски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.