Даштевски: Конечно некој реагира на незаконските постапувања на Јанева

Добро е што конечно на специјалната обвинителка Катица Јанева некој и укажана на пропустите и незаконските постапувања кои ги стори во текот на нејзиното работење на оваа функција и добро е што доаѓа токму од нејзини колеги кои јавнообвинителката професија ја обавуваат со децении и минала огромен број на предмети со сериозни кривични дела.

Универзитетскиот професор и поранешен адвокат, Александар Даштевски како добар познавач на прaвото вели писмото од Основното јавно обвинителство до Јанева е кулминација на случувањата во изминатиот период и реакција на постојаните напади од Специјалното обвинителство кон нивните колеги во Основното обвинителство.

dashtevski-640x360„Реакцијата доаѓа по низа пропусти на СЈО, но и нивната евидентна активност мотивирана единствено од партиските цели на опозицијата. СЈО активно само кога се најавуваат избори односно сведоци бевме дека Специјалното обвинителство во мај годинава кога се подгтовуваа избори на 5-ти јуни излегуваше на прес конференции отвораше истраги, но кога изборите се одложија Специјалното обвинителство се до септември немаш апсолутно никакви активности ниту една отворена истрага. Истраги и обвиненија повторно почнаа да се отвораат и покренуваат по 31-ви август кога партии се договорија за избори на 11-ти декември“, вели Даштевски.

ПРИВАТЕН ДЕТЕКТИВ ГИ СПРОВЕДУВА ТАЈНИТЕ ПРЕДИСТРАЖНИ ПОСТАПКИ НА СЈО?

Основното јавно обвинителство во отвореното писмо поставува неколку дилеми и прашања со Јанева поврзани со нејзините истраги и случаи. Една од нив е испраќањето на приватен детектив да истражува за обвинителство и следење и фотографирања на лица и објекти без судска наредба за посебни истражни мерки.

„Ве прашуваме, според кои стандарди и закони, Вие давате наредба на ваш истражител да следи и снима лице осомничено во ваш предмет? Дали имавте за тоа судска наредба за Посебна Истражна Мерка? Дали Вие и вашите „ повисоки стандарди” всушност во правниот промет вметнуваат и правна несигурност. Би сакале да знаеме, бидејќи за нас е незамисливо да се следи и снима објект или лице кое е осомничено од страна на било кој без постоење на изричита судска наредба.  Уште повеќе, дали со усна наредба од Ваша страна беше испратен и приватниот детектив кој исто така вршеше следење и снимање на осомничено лице во Ваш предмет? Цените ли дека се што од ваша страна е направено од крајно непознавање на законите и постапката, треба од денес да биде „повисок стандард” по кој сите ние ќе работиме, па ќе можеме директно да испраќаме истражители за следење, снимање, заедно со приватни детективи, кај ќе стигнеме“, се вели во отвореното писмо до Јанева.

Даштевски од позиција на правник објаснува дека постапката на Специјалното обвинителство да вклучи приватен детектив за своите истраги е противзаконски.

„Апсолутно е противзаконски и забрането посебно за државни институции. Приватен детектив може да најми некој за да открие каде оди нивниот сопруг или сопруга, но државните институции работат според строго утврдени законски процедури кој предвидуваат и јасно посочуваат кој може да врши следење“, вели Даштевски.

Дека станува збор за незаконско постапување односно „незаконско снимање“ потврдува информацијата од Основното јавно обвинителство дека поведува постапка против истражителот на Специјалното обвинителстов.

Прес24 објави детали за случајот според коишто, во петокот вечер на улицата „Салвадор Аљенде“ полицијата затекнала две лица – истражител на СЈО, А.Л. и А.Е., приватен детектив од Берово. Истражителот кој бил повикан на информативен разговор во полициската станица Центар изјавил дека работел по наредба специјалната обвинителка Катица Јанева, но за тоа немал и судска наредба како што е предвидено со закон. Приватниот детектив па на местото се нашол на покана на неговиот пријател истражителот на СЈО.

Покрај немањето судска наредба, во целиот случај особено спорно е тоа што при спорведувањето на наредбите на Јанева истражителот го придружувал негов пријател. Како што самото Специјалното јавно обвинителство во повеќе наврати истакнува предистражните постапки се тајни и детали за нив не смеат да им бидат познати никому освен на СЈО и полицијата. Но, во случајот тајност на предистражната постапка на СЈО ја нарушил токму нејзин вработен давајќи му место во „првиот ред“ на негов пријател додека истражувал на Водно.

sjo

Според информациите на Прес24, од двајцата се одземени камери, апарати и картички и веднаш се повикани полициски службеници од полициската станица во Центар за да го документираат настанот.

Во писмото од јавните обвинители се одговара и на тврдењата на Јанева дека за сите предмети кои Специјалното обвинителство ги презело од Основното не биле покренати никакви постапки и не биле собирани докази.

„ Потенциравте дека во предметите ништо не било сработено. Тоа е лага. Јавното обвинителство согласно законот Ви предаде 35 оформени предмети кои беа работени од страна на 23 различни јавни обвинители. Дел од нив беа јавните обвинители кои сега работат кај Вас. Во секој од предметите беа преземени дејствија, издадени наредби, сослушани сведоци, оштетени, осомничени.. прибавени податоци и документација. Дел од предметите дури беа и пред правна одлука. Впрочем, Вашата изјава дека ништо не ви е предадено е контрадикторна и со изјавата на вашиот помошник, Фатиме Фетаи, која на прес конференција за еден од предметите јасно напомна дека сите докази биле веќе обезбедени од Основното јавно обвинителство“, се вели во писмото на обвинителите од Јанева.

Случајот којшто го посочуваат обвинителите е истрагата за плаќањето за превоз на ученици во општина Битола. Специјалната обвинителка Фетаи на прес конференција на којашто го презентираше случајот кажа дека битолското јавно обвинителство имало вештачење за случајот и собрано докази.

„Предметот беше преземен од Основното јавно обвинителство Битола, кое исто така имаше отпочнато предистражна постапка и тоа обвинителство веќе имаше издадено наредба за економско вештачење за испитување на работата на општината во спроведувањето на јавни набавки за превозот на ученици“, изјави Фетаи на прес конфренција во СЈО одржана на 14-ти април годинава.

И ДИПЛОМАТИТЕ СОВЕТУВААТ СЈО ДА НАМАЛИ СО ТЕАТАРОТ

Откако Специјалното јавно обвинителство изминативе денови стана центар на вниманието особено по театарот пред вратите на Министерството за внатрешни работи, аферите со непотизам и партиски вработувања и дипломатите и порачаа на Јанева да престане да биде алатка во партиските ривалства.

За дипломатите би било добро специјалното обвинителство да биде помалку активно за време на изборната кампања за да не влијае на изборните резултати. Дипломатите се на стаав дека СЈО треба да биде потивко во овој период и да им се остави на граѓаните да одлучат за кого ќе го дадат својот глас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.