Даштевски: На овие избори е направен груб фалсификат, Груевски не треба да поднесува никаква оставка

Испровоциран од колумната во Плусинфо „Нека виси Педро“, од како што стои таму „најодвратните пропандисти и долгогодишнијавни бранители, компулсивни клептомани, и грандиозни морални релативизатори“ што според  мене се однесува на екипата на пишувачот на текстот, морав да реагирам, пишува во својот фб статус на Александар Даштевски.

„Таму за мене стои дека ме имет снемено. Тоа што ме имет снемено не значи дека сум ги променил ставовите, туку дека многу медиуми ги сменија уредувачките политики. На оние што ги немаат променето, како на пример ТВ Нова, Алфа, Курир и уште неколку други ме немет снемено. Само сега ја нема ААВМУ да мери кој колку минути излегувал и до кого е близок. На пример, пишувачот на текстот, кој има недозволиво безобразен вокабулар е присутен на ТВ 24 и на Телма во иста мера како и вработените таму.

Што се однесува до мене, еве вака со статус ќе се изјаснам дека ниеден мој став не е променет, бидејќи нели, медиумите станаа премногу објективни и независни.

Сметам дека на овие избори е направен груб фалсификат, поради кој и на самата владејачка партија и е непријатно. Бројката од 120 000 гласачи помалку, воопшто не се должи на неизлезноста на членството на ВМРО ДПМНЕ. Таа неизлезност може да биде најмногу до 10 посто, односно споредбено со минатите во 2016 година 45 000 гласачи. Останатата бројка е резултат на повеќе од 51 000 неважечки ливчиња, фалсификување на записници од страна на дел од избирачките одбори, појавување на гласачки ливчиња од едно избирачко место во друго, лобирање во изборниот молк и на денот на изборите, бугарски возови на повеќе места, со изнесување на гласачки ливчиња од гласачките места, од кои неколку беа фатени во Карпош и во Аеродром, лобирање пред гласачките места и заплашување на граѓаните.

Дали е за тоа виновен Никола Груевски? Неговата работа беше да спроведе успешна кампања и тоа го направи. Што се однесува до мене лично, тој не треба да поднесува никаква оставка. Тој е најуспешен Претседател во таа партија, на сите времиња. Тоа што, се водеше една валкана кампања со цел создавање на негативна слика за него, во подолг временски период е општо познато. Тоа го знаат и тие што ја водеа и тие што плаќаа. Јасно е дека тоа е желба на сите, што таа партија сакаат да ја уништат уште од нејзиното основање. Затоа и ги измислуваат сите „изми„ во нејзините редови, а крајната цел е конечен удар врз самата партија. Било каква измена повторно ќе им пречи. Рејтинзите на лидерите беа измерени пред изборите. Неспорно е кој политичар има најголем рејтинг во партијата, како што е неспорно дека треба долг временски период да се изгради рејтинг на било кој политичар.Тоа е исто дел од приказната за оставка, која повторувам не треба да се поднесе. Партијата не е упропастена, таа секогаш се издига уште повисоко после секој удар, бидејки никогаш не доживеала пораз, ако тоа не е наместено.

Еве на овој начин може да ме имет ако е тоа доволно!“, пишува Даштевски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.