Даштевски: Назначувањето на Талат Џафери ниту е легално, ниту е валидно

Конститувната седница се води според Деловникот и Уставот, и тоа е прецизно одредено, така што ниту е легален, ниту е валиден вчерашниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, вели за „Нетпрес“, професорот Александар Даштевски.

Според Даштевски, посебно во Член 80 став 2 од Деловникот се истакнува дека претресот трае додека не се исцрпи листата од пратениците кои се пријавиле за збор. Според истиот член став 5, претседателот на Собранието констатира дека претресот е завршен кога ќе утврди дека листата на пријавени пратеници за збор е исцрпена.

dastevski-1-640x337
Александар Даштевски

„Вчера, според Деловникот, седницата за избор на Комисијата за избор и именување траеше вообичаено од 11 до 18 часот, освен доколку нема поинакво одредување, и претседателот Трајко Вељаноски исправно закажа продолжение. Тогаш неовластено, спротивно на Уставот и споменатите членови, без да бидат повикани сите пратеници, без утврдување на дневен ред и негово поделување на сите пратеници, извршија избор на Талат Џафери со 61 глас“, вели Даштевски.

Бидејќи станува збор за нелегален чин, како што вели Даштевски, изборот е ништовен и нејсно е како е можно правно да се реагира на него.

Потсетува дека сите други членови од Деловникот досега се спроведуваа беспрекорно и досега така беше водена седницата на Собранието. Тоа што констутивната седница трае долго, толкува тоај,  е поради фактот дека има платформа со која се загрозува унитарноста и суверенитетот на државата и се прифаќа платформа договорена во странска држава.

karakamisheva-2-640x360
Татјана Каракамишева Јовановска

„Да не заборавиме дека за да се смета тој претседател избран, потребно е таа одлука за избор да биде објавена во службен весник на Република Македонија. Понатака потребно е таа одлука за избор да биде верифицирана со давање на печатите на Талат Џафери“, посочи во синоќешната дебатна емизија на ТВ Нова, професорката Татјана Каракамишева Јовановска.

Според неа, тоа нема да се случи. Ниту таа одлука ќе биде објавена во службен весник, ниту печатот ќе му се предаде на господинот Талат Џафери така како сценаристот наумил, рече Каракамишева и додаде дека странскиот фактор порачува дека оваа ситуација треба да се надмине со дијалог.

klimovski-1
Алксандар Климовски

Професорот Александар Климовски, пак, смета дека можно решение и излез од целата ситуација лежи во одлуката шефот на државата Ѓорге Иванов да го свика Советот за безбедност, кој е на потег во овој момент. Да се разгледа целосната безбедносна и политичка состојба, и да се донесат заклучоци за надминување на ситуацијата

Во синоќешното отворено студио на ТВ Нова, Климовски рече дека за ситуацијата треба да се произнесе и Владата, да го активира Штабот за кризен менаџмент.

Каракамишева потсетува дека постои Закон за управување со кризи, во кој се наведува дека кога е загрозен уставниот поредок на државата треба да се преземат одредени мерки, така што Владата и шефот на државата треба да реагираат на соодветен начин

„Ако Брисел вели дека народот нарпавиле насилство, тогаш она што го нарпавија Заев и пратениците коишто го поддржуваат направија супернасилство. Има одредби во Кривичниот закон кои ги опфаќаат ваквите чекори, како што се државен удар. И од таму е правото на Иванов која  кажува зашто не го доделува мандатот, бидејќи тука се јавува кривично дело, ставање на Република Македонија под директна контрола од друга држава“, вели професроката Каракамишева.