Даштевски: Нема основа за поднесување приговори

„Во законот има правила. За да се поднесе воопшто приговор, треба во текот на денот да има приговори. Ова што се случува сега не е возможно да се случи, затоа што во 6-ка сигурно ВМРО-ДПМНЕ не правело инциденти или местенки, затоа што нема сила таму“, изјави Александар Даштевски во Отвореното студио на ТВ Нова.

„Така беше порано, јас се сеќавам. При гласањето, партиите ги учеа своите набљудувачи и претставниците во избирачките одбори: поднесете за секој случај забелешка, за да имаме основа за приговор. Во овие места, каде што тие тврдат дека имало некои работи, коишто сакаат да ги поништат само поради резултатот, не поради друго, се кристално чисти. Нема никаква забелешка, гласањето си течело најнормално“, вели Даштевски.

Според Даштевски, симптоматично е што дури на третиот ден решиле да излезат и да речат дека изборите не се чисти, откако два дена се зборуваше дека се чисти.

„Тие немаат ни основ, тие веројатно поднеле некој приговор и ставиле некој основ, семејно, групно гласање итн., меѓутоа симптоматично е што два дена се збореше дека се кристално чисти изборите и сега, третиот ден, не се чисти изборите. И одма се појавува тука МОСТ да си ја докаже пристрасноста, бидејќи до сега нели се сомневавме како-што, се виде тоа перењето на пари што го правеле за други држави, меѓутоа, сега е јасно, денеска МОСТ излегува. Тие требаше да излезат на денот на изборите ако имаше неправилности и да кажат“, рече Даштевски.

„Значи, прво, нема основ за поднесување на приговори, а друго, иако се седум членови блиски до СДСМ во ДИК, не можат тие да гласаат против законот. Мора приговорот да содржи некои основни аргументи кои ќе докажат дека навистина имало неправилности. Таму немало“, додаде Даштевски.