Даштевски: Очекувам во понеделник да биде објавена новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Моите очекувања се дека ставот ќе го има во недела, бидејќи тоа е последен ден кога треба да се одлучи со оглед на тоа дека 29-ти се паѓа во недела, веќе во понеделник очекувам дека ќе биде објавена новата влада помеѓу победниците на овие избори, а тоа се ВМРО-ДПМНЕ од македонскиот блок и ДУИ од албанскиот кампус, кажа Даштевски во вестите на ТВ Нова.

Мислам дека нема да отстапи бидејќи во политиката како и во животот е многу важно она што ќе се вети да се почитува, бидејќи знаеме што се случуваше тие две години од 2006-та до 2008-мата, дури имаше и немири кои ги организираше ДУИ. Беше повреден и еден новинар, па дојде до тој мајски договор по барање на ДУИ и сега ДУИ треба да си го погази своето барање само поради некои работи ои се нелогични затоа што ДУИ досега функционираше 10-години, беше што беше, не успеаја тие вештачки креирани сценарија и сега треба да се вратиме во нормала во интерес на граѓаните на Македонија, смета Даштевски.