понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Даштевски: Политичките партии до локалните имаат време да се одлучат и за предвремени парламентарни избори

dastevski-3-420x240

Последни вести

Можеби до датумот за кои се договорени локалните избори, политичките партии ќе се договорат и за предвремени парламентарни со оглед на тоа што државата, а пред се Собранието не функционираат онака како што треба, смета политичкиот аналитичар Александар Даштевски коментирајќи го барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со локалните да бидат организирани и предвремени парламентарни избори.

-Гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ не го признава Талат Џафери за легитимно избран претседател на парламентот, па веднаш се создаваат тие проблеми и не може да се изврши координација на координаторите на пратеничките групи да се договорат за елементарни прашања, а веројатно работата ќе се одвива така и внатре во парламентот кога ќе треба да се дискутира за одредени важни прашања. Без ВМРО-ДПМНЕ не може да се изгласа ниту еден закон за којшто потребно е дво-третинско мнозинство, а гледаме дека ова мнозинство е потребно за поголем дел од законите. Таква е ситуацијата и со локалните избори, бидејќи за промена на изборниот законик потребно е дво-третинско мнозинство, смета Даштевски.

Во однос на проблемот со кој се соочува локалната самоуправа, Даштевски е убеден дека градоначалниците треба да ги извршуваат своите функции до крајот на годинава.

-Се согласувам со солуцијата што е дел од Законот за локална самоуправа дека мандатот завршува до крајот на годината. За оваа солуција се согласија сите политички партии, имаше предлози од ВМРО-ДПМНЕ изборите да бидат порано, но овие предлози не беа  прифатени од останатото мнозинство. Меѓудругите предлози од ВМРО-ДПМНЕ имаше предлог и локалните избори да се одржат на 15-ти октомври што е солидно време да се направат потребните подготовки. Дотогаш градоначалниците ќе работат со скратени надлежности, зашто гледаме дека советите немаат право да носат одлуки, вели Даштевски.

Тој не верува дека доколку има нови парламентарни избори ќе се повтори овој резултат и смета дека после сè албанските партии не би требало да ја дадат својата поддршка за СДСМ.

Најчитани вести