Македонија

Даштевски: СЈО генерира нова криза

Даштевски: СЈО генерира нова криза

СЈО генерира нова криза, изјави за ТВ Нова аналитичарот Александар Даштевски. Според него поголемо е прашањето за она колку е сработеното, отколку за платите на СЈО, изјави во интервју за ТВ Нова.

-Тие немаат ниту збор кажано за овластено слушаните разговори. Колку се овластено слушани, а колку неовластено, нема одловор. Ниту една постапка нема докази. Основна работа се доказите, а судот вели дека нема да се земат в предвид неовластено прислушување. Генерираат нова криза, а истекува времето за истрагите за разговорите, вели Даштевски.

Тој додава дека првично треба да преслушаат овластено слушаните разговори.

-Ако имаше некакви резултати, никој немаше да праша колку обвинителите заработуваат. Тие продуцираат нова криза. Тие требаа  600.000 разговори да преслушуваат. Тие се движат само по опозициските прес-конференција. Самите прес-конференција се стенд ап комедии. Обвителството истражува, а не треба да се суди. Постојат институции, судовите се оние кои донесуваат одлука, презумцијата на невиност не се почитува, вели Даштевски.

Според него, СЈО работи на тотална девалвација на владејачката партија.

-Се работи за селективност. Затоа беше и одлуката на претседателот Ѓорге Иванов. Ниту се поведува нешто, ниту има докази. Тие треба да покажат дека не завземаат страна, вели Даштевски.