Даштевски: СЈО ја почнува кампањата на СДСМ за локални избори

даштевски

-СЈО намерно, свесно и таргетирано согласно потребите на СДСМ одбира места и општини каде изложува луѓе од партиското јадро на ВМРО-ДПМНЕ со цел јавно и јасно да ги прикаже како престапници на законот. Тие во суштина се луѓе домаќини кои се свесно вплеткани во политичката хајка на СЈО. Со ваквите постпаки се прави и нанесува очигледна неправда, но и дискриминација на луѓето, пишува Даштевски.

Според него, целта е да се нанесе политика штета на ВМРО, а политичка корист за СДСМ. Ова што се случува нема никаква допирна точка со правото, додава Даштевски.