Даштевски: Трамп не е случајно тука каде што е

Сметам дека Трамп не треба да се сфаќа наивно, а ваквиот став воглавно потекнува од медиумите кои застанаа против него, смета аналитичарот Александар Даштевски.

-Трамп има добра програма и сметам дека чекор по чекор интелигентно ја градеше политиката, започнувајќи од создавањето на тимот. Тој имаше телевизиска емисија каде ги собра најголемите таленти на САД, а победниците ги вработуваше во неговата компанија. Сега дел од тие луѓе работат за него, а со самата емисија Трамп стекна и светска популарност. Реално, Доналд Трамп направи добра кампања, но главните медиуми не сакаа да ја пропагираат, вели Даштевски за ТВ Нова.

Тој потсети дека Трамп тврдеше дека ќе ги реши сите илегални мигранти, а во САД има 11 милиони илегални мигранти кои создаваат сива економија.

-Трамп сака оние што се легални да бидат примарни граѓани на САД, а оние кои не се легални да се вратат назад. Воглавно сметам дека Трамп не е случајно тука каде што е, заклучи Даштевски.