Дастин Хофман: Живеев од рибање тоалети

Дастин Хофман не беше на доделувањето на Оскарите, туку на кошаркарски натпревар. По некоја случајност, меѓу навивачите бил и неговиот пријател и колега Спајк Ли. Хофман го прашал: Дали со ова праќаме порака?

Ли го бојкотираше настанот поради слабата застапеност на Афроамериканците во номинациите. Хофман, иако го поддржуваше бојкотот, само сакал да ужива во добар натпревар. Покрај тоа што досега освоил два Оскари,  доделувањето никогаш не му се чинело како забавен настан.

Не сум поканет, не сум номиниран и никогаш туку-така не би отишол. Тоа е една од најлошите забави во градот, кога сте таму, затоа што постојано има паузи за реклами и сето тоа трае премногу долго. Доделувањето на Бафет наградите е одлично: седнувате во кино салата, има шампањско, можете да се напиете и да уживате во шоуто. Затоа воопшто не ми е ѓал, што наместо да одам на доделувањето на Оскарите, избрав да ги гледам Никс, вели тој.

Хофман знае да каже дека не е сигурен во себе и дека воглавно е убеден дека секоја работа што ќе ја добие е последната што ќе ја има.

Неможете да ги избришете првите 10 години од вашиот живот. Тоа останува врежано во вас… не сте биле добри, вели тој.

Сепак додава дека нема што да им докажува на другите.Со сите филмови во кои играл, а кои што одбележаа различни ери од кинематографијата (од „Дипломец“, „Лени“, „Сите претседателски луѓе“ до „Пес од слама“ и „Тутси“) тој е една од најистакнатите филмски ѕвезди што без престан блеска веќе 50 години.

Последниот ангажман му беше во анимираниот филм „Кунг фу панда 3“, кој овие денови ќе има светска премиера.

Дали уживаше во настанувањето на тие остварувања?

Беше подносливо, вели тој со насмевка.

Поминаа пет години помеѓу вториот и третиот дел и тоа беше: „Боже, зарем ќе прават уште едно продолжение?“.

Хофман повеќе би сакал да го позјамува гласот додека седи заедно со колегите (меѓу кои се Џек Блек и Анџелина Џоли) во една просторија, но морал да биде сам со режисерот.

Тоа беше како да го имав првиот час по глума и така се чувствував во наредните четири месеци, вели Хофман.

Тој сега има 78 години и често се враќа на своите корени. Луѓето како него – ниските Евреи со помалку чуден изглед – не беа филмски ѕвезди во времето кога тој ја градеше славата.

На некој начин владееше недостаток од разноликост меѓу актерите во моето време, вели тој.

Тој е роден во Лос Анџелес но се чувствува како да е од Њујорк.

Во Лос Анџелес имаше многу антисемитизам и чувствував дека подобро ќе се вклопам во Њујорк, објаснува тој.

Вели дека знаел дека е на вистинското место веднаш штом видел еден човек како уринира покрај паркиран автомобил среде бел ден.

Помислив: Да, веќе не сум во она пластично окружување, вели тој.

Сепак наредните 10 години од неговиот живот биле мошне тешки. Пет пати полгала приемен испит, пред конечно да влезе во студиото за глума на Ли Стразберг, а додрка ја градел акетрската кариера заедно со пријателите и цимерите Роберт Дувал и Џин Хекман, работел на разни места, во психијатарска клиника, бил асистент за продажба на играчки, па дури плетел и хавајски венчиња од цвеќе.

Хофман вели дека во глумата секогаш имало нееднаквост и дека главните улоги воглавно биле резервирани за оние што изгледаат добро, а тоа во тоа време значело дека се „англо-саксонски протестанти“. Затоа се откажал од претставите за гламурот и играл во театарски претстави.

Но, и покрај неговите песимистички предвидувања тој се лансирал меѓу ѕвездите во 30-тата година од животот кога се појавил на кастингот за „Дипломец“.

И покрај огормниот успех на овој филм, Хофман едно време избегнувал нови ангажмани на филм, затоа што воглавно му нуделе „глупи“ улоги. Сакал да се врати во театарот. Сепак, се врати како Рацо Ризо во „Полноќниот каубој“, лик што е дијаметрално спротивен на Бенџамин Брадок.

Бев поблизок до таа улога додека одев во училиште. Бев аутсајдер, некој кој е на маргината. Кога дојдов во Њујорк работев некои чудни работи, а кога живеете од рибање тоалети, не сте далеку од Рацо, па таа улога не ми беше особено тешка, вели тој.

Тоа била само една од многуте разнолики улоги што ги имал и што го направиле еден од најдобрите актери на сите времиња. Сепак, тој и понатаму не е сигурен во себе си.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.