Давид Луиз флертува со богатиот ПСЖ

Бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Давид Луиз призна дека му се допаѓа идеата во новата клупска сезона да игра покрај капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва.

“Искрено, уживам кога играм покрај Тиаго Силва. Не е важно каде играм, уживав и кога двајцата игравме на улица, во нашето маало. Како да не ми се допаѓа идејата да му бидам тимски колега на Тиаго Силва. Тоа многу ќе ми одговара. ПСЖ сега е многу голем клуб, знам дека работат многу напорно на сите можни полиња. ПСЖ има амбиција во што е можно побрз временски рок да слави и во Лигата на шампионите. Со таква управа, со такви фудбалери, ПСЖ сигурно ќе доминира во француската Прва лига уште многу години”, изјави Луиз.

Репрезентативецот на Бразил може да добие зелено светло за преселба во Париз, но понудата за неговите услуги не смее да биде помала од 35 милиони евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.