Давид Луиз во ПСЖ за 50 милиони фунти

Тема број еден во сите фудбалски медиуми на Островот, е сензационалната информација дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи и тие на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, постигнале договор околу трансферот на бразилскиот интернационалец, Давид Луиз.

Познатиот таблоид “Дејли Мејл” потврди дека најбогатиот клуб во Франција ќе потроши околу 50 мил. фунти за обештетувањето на централниот дефанзивец, кој веднаш по завршувањето на Мундијалот во Бразил и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на популарните “светци