Давутоглу: Асад е најодговорната личност за сириската криза

Давутоглу: Дел од осомничените за нападот биле на боиштата во Сирија
Давутоглу: Дел од осомничените за нападот биле на боиштата во Сирија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска во Њујорк изјави дека е невозможно решавање на сирискиот судир ако е присутен претседателот на Сирија, Башар ал Асад.

Давутоглу истакна дека Асад не може да биде учесник во транзицискиот процес во Сирија.

Асад е најодговорната личност за сириската криза. Тој изврши злосторства против човештвото. На Сирија и е потребен транзициски процес и тоа без Асад и групите вклучни во злосторствата – наведе Давутоглу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.