Давутоглу: Договорот меѓу ЕУ и Турција ќе стапи во сила во понеделник

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека договорот за мигрантите меѓу ЕУ и Турција ќе стапи во сила во понеделник.

Според документот, мигрантите и бегалците, кои пристигнуваат во Грција, ќе бидат вратени назад веднаш по нивната регистрација и откако барањата за азил ќе им бидат разгледани.

Враќањето на мигрантите треба да започне од 4 април.