Давутоглу го поканил Барзани да ја посети Турција

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу испратил покана до претседателот на автономниот регион на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани, да ја посети Турција.

Давутоглу во синоќешните телефонски разговори со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади и со Барзаби ја разгледувале безбедносната ситуација во Киркук.

Давутоглу во разговорот со Барзани повторил дека Турција е подготвена да даде секаква поддршка за стабилноста во Ирак.

Турскиот и ирачкиот премиер разговарале за подготовките за престојната седница на Советот за стратешка соработка на високо ниво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.