Давутоглу и официјално наследник на Ердоган

Турската владејачка Партија на правдата и развојот го избра Ахмет Давутоглу за нов лидер на партијата и премиер на земјата. Одлуката Давутоглу да го замени на премиерската функција Реџеп Таип Ердоган беше донесена на денешната конференција во Анкара.

Давутоглу изјави дека стратешка цел на земјата ќе биде членството во ЕУ. Тој порача и дека на Турција и е потребен нов Устав со полиберален карактер. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе побара од Давутоглу да ја формира новата влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.