Давутоглу: Има податоци дека курдски бунтовници го извршиле нападот во Анкара

Давутоглу: Има сериозни податоци дека нападот е извршен од курдски бунтовници
Давутоглу: Има сериозни податоци дека нападот е извршен од курдски бунтовници

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави денеска дека властите уапсиле 11 лица за поврзаност со вчерашниот терористички напад во Анкара, во кој загинаа 37 луѓе, а 120 се повредени.

Тој истакна дека постојат многу сериозни податоци дека нападот е извршен од курдски бунтовници.

Турскиот премиер нагласи дека продолжуваат ДНК анализите за идентификување на двајцата наводни извршители. Според него, идентификувани се 35 жртви во нападот.

Давутоглу повторно вети дека Турција ќе продолжи со борбата против бунтовниците и нивно ликвидирање.

Турскиот премиер изјави дека Турција извршила воздушни напади против кампови на Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак, откако биле утврдени напаѓачите во Анкара.

Засега никој нема преземено одговорност за вчерашниот напад со автомобил-бомба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.